Емануел е основач на European American Investment Group (EAIG) и основач и главен извршен директор на наградуваната компанија Westfield Development, која го менува пазарот на недвижности во Романија преку спојување на удобноста на американско предградие со силниот дух на заедништво што го има во повеќето европски градови.
Емануел е и претседател на GiveFirst Foundation, чија цел е да поттикне стратешко движење за дарежливост во Романија и да биде извор на инспирација за бизнис лидерите кои сакаат да ја поврзат верата со работата. Дополнително, тој е член на повеќе одбори кои ја промовираат дарежливоста низ Европа.
Пред својата работа во Романија, Емануел беше сопственик на градежна компанија во Далас, Тексас, каде што исто така инвестираше во недвижности. Токму ова искуство, заедно со неговата страст за технологија, иновации и дизајн на производи, ги поставија темелите на неговата работа денес.
Емануел и неговата сопруга Бианка живеат во Клуж, Романија, со нивните четири деца.
Ли претходно беше главен оперативен директор во Generous Giving пред да се приклучи на тимот на Generosity Path во 2015 година. Ли исто така е директор за финансии и стратегија во Maclellan Foundation, каде што се приклучи во мај 2006 година. Неговиот фокус во Фондацијата е Европа, Евроазија и турскиот свет.
Пред да се приклучи на Maclellan, Ли беше раководител на Alliance for Saturation Church Planting, партнерство на повеќе организации посветено на оспособување на национални основачи на цркви во Централна и Источна Европа.
Ли и неговата сопруга Брук живеат во Сигнал Маунтин, Тенеси, САД, заедно со нивните три деца.
Луси порасна во Непал меѓу некои од најмаргинализираните луѓе во општеството. Овие пресудни години ја поттикнаа да го живее Исаија 61: ‘да ги преврзува скршените срца и да прогласува слобода за заробените… да подари венец од убавина наместо пепел и облека на пофалба наместо дух на очајание.’ Таа има позадина во јазиците и има работено во Белгија и Кина.
Освен работата, вистински е посветена на: превенција на семејно насилство (со децениско искуство како вработена и волонтер во оваа област) и на подигнување на свеста за овој проблем во црквите.
Луси живее во Лондон и обожава да прави сладолед, да плива во морето и да готви за пријатели и семејството.
Покрај неговата улога во Generosity Path, Mathew е основач на The Kindness of Strangers, што ја започна заедно со својата сопруга Cathy. Ова е платформа за раст на мали цркви и непрофитни организации која има за цел да им помогне да изградат одржливост.
Претходно, Mathew беше глобален извршен директор на Alpha, која го организира Alpha курсот, и раководеше со глобалниот маркетинг и прибирање средства за World Vision UK. Неговото искуство го вклучува и корпоративниот технолошки свет во Orange, каде што како раководител на Voice, беше спонзориран за МБА студии.
Mathew и неговата сопруга Cathy живеат во Лондон и имаат три возрасни деца.
Џејмс претежно работел во и со лидерски тимови, помагајќи им да ги остварат своите визии. Тој има искуство во менаџирање проекти, бизнис стратегија и финансирање, и има развиено и реализирано многу проекти за обновување со кои носи промени во заедниците и благосостојба во подрачја со ограничени можности. Тој има искуство и како секретар на компанија и како член на управниот одбор на повеќе добротворни организации, каде што советувал за управување, финансии и практики за управување со ризик.
Џејмс има страст за учеништво – сака да стои рамо до рамо, да охрабрува и да ги поддржува другите во исполнувањето на нивниот повик (било во црквата, на работното место или во локалната заедница) и да им помогне да го прават тоа што е најважно.
Џејмс живее во близина на Норич, Обединетото Кралство, е во брак со Пени и има три синови кои штотуку почнуваат да го истражуваат возрасниот живот.
Хавиер верува дека секој може да придонесе за подобар свет.
Хавиер дипломирал индустриски менаџмент на Универзитетот во Костарика, а потоа стекнал магистерски студии по јавна администрација и по менаџмент.
Има работено на различни корпоративни позиции во банки и консултантски компании како PwC, а истовремено бил и волонтер во својата црква и член на одборот на Crown Financial Ministry во Костарика. Работел во Латинска Америка и Карибите со организации како Habitat for Humanity, Lifeway и Focus on the Family.
Во 2004 година помогна во основањето на Finanzas con Propósito, организација посветена на финансиска едукација во јавниот и приватниот сектор, а често се појавува на телевизија, радио и социјални медиуми како автор и експерт за финансиско здравје.
Хавиер живее во Костарика со сопругата Синтија и нивните две деца.
Ранда е родена во Обединетото Кралство од јордански родители, а израсна во Аман, Јордан. Стана архитект и работеше како архитектонски инженер додека живееше таму.
Се пресели во Египет пред 22 години, се приклучи на worship тимот на BetterLife и активно се вклучи во нивната служба. Ранда е сопственик и управува со Фунтастик, успешен центар за деца во Нов Каиро. Во изминатите 22 години, Бог ги користеше нејзините таленти во разни уметнички и медиумски проекти, кои редовно се емитуваат на сателитски канали и широко се споделуваат на социјалните мрежи.
Ранда е лидер во младинско служение и ја координира креативната група одговорна за содржините на Vision Communications International наменети за младите. Таа е талентиран говорник и водител на богослужби.
Ранда живее во Каиро со нејзиниот сопруг Магед и нивните двајца синови.
Во последната деценија, Душан води Journey of Generosity (JOG) искуства, како и проекти за европски развој во TrustBridge Global Foundation.
Претходно, Душан беше заменик-претседател на European Great Commission Collaboration – неформална мрежа на истомисленици христијански дарители кои сакаат да го поддржат делото на Божјото Царство во Европа.
Од 2004 до 2024 година, Душан беше национален лидер на Josiah Venture во Чешка Република, младинска служба што ја поттикнува обуката на млади лидери за исполнување на Христовата мисија преку локалната црква.
Пред да биде повикан во светот на христијанските непрофитни организации, Душан работеше за T-Mobile во Прага, Чешка Република. Има магистерска диплома од University of Economics во Прага и диплома по бизнис администрација од Sheffield Hallam University во Обединетото Кралство.
Душан е роден во источниот дел на Чешка Република – Моравија – каде што и денес живее со својата сопруга Дана и нивните две ќерки.
Елвис е визионерски претприемач и лидер во заедницата со богато искуство во автомобилската и градежната индустрија. Освен што работи за Generosity Path, тој ја води и невладината организација Village Economic Empowerment.
Посветен е на промовирање иницијативи за одржлив развој и оснажување на локалните заедници.
Дипломиран од Daystar University со диплома по теологија, Елвис има и подготвителен универзитетски курс по математика и биологија од Универзитетот во Најроби.
Во својата кариера има основано неколку компании, вклучувајќи ја Autoscope International, а сопственоста ја префрлил на своите посветени, долгорочни вработени, воден од верувањето дека сè му припаѓа на Бог. Водел иновативни проекти насочени кон социо-економско оснажување.
Страсно се залага за квалитетно образование и има учествувано на меѓународни форуми за лидерство и управување со квалитет. Познат по својата стратешка соработливост и умеење за управување со ресурси, Елвис ужива во развивање ефикасни процеси и градење цврсти односи со засегнатите страни за да го засили доброто на заедницата преку заедничко давање.
Бонар води со срце посветено на христијанските вредности и библиската дарежливост.
Со страст да им помогне на луѓето и заедниците да ја откријат радоста на давањето, Бонар иницира активности кои ги охрабруваат луѓето да живеат дарежливо според библиските вредности и верата во Бог.
Тој има клучна улога во ширењето на влијанието на Generosity Path низ регионот, поттикнувајќи разговори и Journey of Generosity (JOG) искуства што го истражуваат преобразувачкото влијание на дарежливоста во личниот живот, во црквата и на работното место.
Работата на Бонар е длабоко вкоренета во неговото лично патување со верата и тој се стреми да ги охрабри другите да даваат на начини што се усогласени со нивните убедувања, под водство на Светиот Дух.
Бонар е Австралиец, но моментално живее во Бандунг, Индонезија, со сопругата и синот, каде што служи во својата локална црква како сопруг на пасторката.
Martine живее во Мелбурн, Австралија, и е дел од Generosity Path од ноември 2022 година.
Таа има меко срце што се трогнува од потребите околу неа, и посакува да види излевање на дарежливост, духовна трансформација и ново пронајдена радост и слобода во Христос низ Океанија. Ја инспирира начинот на кој Бог работи низ Journey of Generosity (JOG), нежно и моќно носејќи ја оваа промена кај поединци и цели заедници.
Martine има работено со организации засновани на вера во Австралија и Јужна Азија, меѓу кои како корпоративен правник во Мелбурн, правен соработник со International Justice Mission во Индија, 10 години во Tearfund Australia, како и 2 години во служба на евангелизација и оспособување ученици во нејзината црква.
Во брак е со Andy, има три ќерки на училишна возраст и сака велосипедизам, печење и градинарство – иако не сè одеднаш!
Веќе повеќе од дваесет години, нашиот основач Дарил Хилд патува ширум светот, споделувајќи ја пораката за библиската дарежливост. Од основањето на нашата матична организација Generous Giving во 2000 година, преку официјалното лансирање на Generosity Path во 2017 година, па сè до денес, Дарил е нашиот најголем поддржувач и мотиватор!
Дарил ја започна својата кариера како агент за комерцијална недвижност во Атланта, САД, и работел со семејства на четири континенти за нивната филантропија.
Хенри е основач на Bandwidth Inc. и Faith Driven Entrepreneur. Тој играше и сè уште игра клучна улога во обликувањето на нашата глобална визија. Страста на Хенри за Евангелието нè мотивира да бидеме повеќе од обично служење за финансиско учеништво. Неговиот пример не’ насочи кон тоа како Евангелието се одразува во пораката за дарежливост. Евангелието и дарежливоста одат рака под рака, па нашите цели се насочени кон целосна евангелска трансформација, а не само кон зголемување на давањето.
Покрај неговата улога во Generosity Path, Mathew е основач на The Kindness of Strangers, што ја започна заедно со својата сопруга Cathy. Ова е платформа за раст на мали цркви и непрофитни организации која има за цел да им помогне да изградат одржливост.
Претходно, Mathew беше глобален извршен директор на Alpha, која го организира Alpha курсот, и раководеше со глобалниот маркетинг и прибирање средства за World Vision UK. Неговото искуство го вклучува и корпоративниот технолошки свет во Orange, каде што како раководител на Voice, беше спонзориран за МБА студии.
Mathew и неговата сопруга Cathy живеат во Лондон и имаат три возрасни деца.
Карл, кој е претприемач, ја основа Sunstone Group, холдинг-компанија со различни бизнис интереси. Тој служи како црковен старешина во All Saints English Church во Сингапур, е член на Одборот за теолошко образование и ја раководи School of Marketplace Ministry & Society при Англиканската епархија на Сингапур. На меѓународно ниво, Карл е претседател на TrustBridge Global и активно учествува во Christian Economic Forum. Има напредни дипломи по теологија и стратешко лидерство, комбинирајќи академско знаење со практично искуство во бизнисот, верата и непрофитниот сектор.